Сензација: Ибрахимовиќ започнува тренерска кариера и седнува на клупата на европски гигант

Поранешниот шведски репрезентативец Златан Ибрахимовиќ многу скоро може да започне и тренерска кариера. Тој на крајот од минатата сезона и официјално ја заврши играчката кариера во дресот на Милан, клубот каде што сега треба да ја започне и тренерската кариера.

„Црвено-црните“ од Милано во сезоната тргнаа со амбиции да ја освојат титулата и добро им одеше, но ги зафати криза, а прва жртва ќе биде тренерот Стефано Пиоли, кој има ултиматум од раководството на клубот и ќе мора да победи во среда, на гостувањето кај Њукасл во Лигата на шампионите.

Сепак, Ибрахимовиќ нема да седи сам на клупата на Милан, туку ќе биде во тандем со неговиот поранешен соиграч од првиот мандат во Милан, Игнацио Абате.

Милан во моментов е на трета позиција со 29 бода, девет помалку од најголемиот ривал и лидер во Серија А, Интер.

- Оглас -

Најнови вести