Сензација во Астана, испадна првиот тенисер на светот

На турнирот во Астана се случи големо изненадување уште на стартот, елиминиран е првиот тенисер на АТП ранг-листата. Карлос Алкараз ќе се врати од Казахстан порано отколку што очекуваше, откако во два сета загуби Давид Гофан со 7-5, 6-3.

Гофан во главната ждрепка влезе како „среќен губитник“ од квалификациите, пред неколку години топ 10 играч, но по серијата повреди, тој е далеку од врвот и моментно е 66-ти на АТП-листата, но во Астана потсети на своите најдобри денови.

Иако мечот започна со брејк на Алкараз во третиот гем, Белгиецот возврати, дури трипати го одзеде сервисот на ривалот во првиот сет, а одлучувачки беше брејкот во 12-тиот гем за 7-5.

Во вториот сет, Гофан доминираше, поведе со 3-0, па и со 5-1, а Алкарас единствено што успеа да направи е само еднаш брејк, кој се покажа недоволен за пресврт.

- Оглас -

Најнови вести