Сензација во Чаир, Работнички „туширан“ во салата „Шабан Трстена“

Катастрофално одиграната прва четвртина, е веројатно главна причина за неочекуваниот пораз на кошаркарите на Работнички на гостувањето кај Чаир 2030.

Чаирчани победија со 83-82 во драматичен меч на кој Работнички имаше напад за победа, но после двата обиди од близина, топката сепак не влезе низ обрачот и домашните можеа да почнат со славје.

Сега и Работнички и Чаир имаат по 2-1 после три кола.

Чаир првата четвртина ја доби со убедливи 30-15 и со тоа им се зголеми самодовербата дека може да победат против еден од главните кандидати за титулата во македонската Прва лига. Потоа Црвените од „Градски парк“ постепено ја топеа негативата, но Работнички не поведе во ниту еден момент од средбата. Шанса првпат да поведат, а веројатно со тоа и да победат, имаа на 3-4 секунди до крајот, но не успеаја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести