Сите играчи кои се обложуваат би сакале да бидат како еден прогнозер од скопски Петровец, кој во објект на Sport Life на два тикети со истите 10 парови со квоти од 1.82 до 2.60 освои по еден милион денари.
На првиот тикет уплатата е 750 денари и требаше да ги погоди сите десет мечеви, а другиот тикет е уплатен веднаш после тоа и уплатата е 4.000 денари, со тоа што тука е систем 8/10. И со две утки, добивката ќе беше многу голема, но вака со сите десет погодоци, добивката е седмоцифрена, сензационална и вреди да се знае за неа.
Овој играч од Петровец типувал на победа на Манчестер сити против Ливерпул, типувал дека на Манчестер јунајтед – Евертон повеќе голови ќе паднат во второ полувреме, а од Премиер лигата му е и дека Челзи ќе слави во Шефилд со 2-5 гола на мечот.
Од шпанската лига прогнозирани се 1&2-5 гола на Севилја – Хетафе, на Уеска – Реал Мадрид двојка со 2-5 гола, на Бетис – Барселона ГГ & 3+ и на Осасуна – Еибар дека домашните нема да загубат и дека на средбата ќе паднат барем два гола.
Тикетите ги комплетираат два пара од Франција и еден од Германија. Играчот погодил дека на мечот Ним – Монако двата тима ќе дадат гол, дека ќе паднат барем три гола и дека ПСЖ ќе слави во Марсеј во меч на кој ќе има 2-5 гола. За дуелот на Шалке и Лајпциг прогнозата е дека повеќе голови ќе паднат во вторите 45 минути.
Според резултатите, немало ниту еден ептен критичен натпревар на кој прогнозерот чекал гол во судиско продолжение. Најблиску до утка бил на саботниот меч Шалке – Лајпциг, каде што голот за погодена прогноза 2>1 падна во 87-мата минута.
ВО СВЕТИ НИКОЛЕ ГОЛЕМА УПЛАТА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ГОЛ НА БРАГА ДОНЕСЕ МНОГУ ГОЛЕМА ДОБИВКА
Викендов многу причини за задоволство имаше и прогнозер кој уплатил тикет во објектот на Sport Life наречен Свети Николе 2. На тикетот има десет парови, а уплатата од 8.000 денари му донесе заслужена добивка дури од 686.957 денари.
Од десетте меча кои се играни во неделата, последниот пар, Брага – Порто, бил и најкритичен. Тука на прогнозерот му требало двата тима да дадат гол, а Брага до 87-мата минута немаше постигнато гол. Сепак, домашните ја затресоа мрежата на Порто за голема радост во Свети Николе.
Претходно играчот стравувал дали Бешикташ ќе победи против Коњаспор (победничкиот гол во 81-ва минута) и чекал Алборг да не даде уште еден гол на гостувањето кај Брондби, кое завршило 1-1.
МАЈСТОРСКИ ТИКЕТ ВО СКОПЈЕ
Прогнозер од Скопје кој во објектот на Sport Life на „Водњанска“ уплатил скромни 70 денари, покажа исклучително познавање и храброст, имаше одлично претчувство и среќа, па состави тикет кој носи добивка од 365.892 денари.
На тикетот има само четири натпревари, но квотите се високи, особено онаа од 31,5 за победа со пресврт „еден во два“ на Спарта Прага против Сигма Оломуц. Сигма по првото полувреме водеше со 1-0, на почетокот на второто полувреме поведе и со 2-0, но во 67-мата минута Спарта израмни. Следуваше шок во 83-тата и пенал за Сигма, но не го реализираа. Победата на Спарта од 3-2 ѝ ја донесе Карлсон од пенал во 93-тата минута.
Типувано е дека на средбите Генк – Андерлехт и Осасуна – Еибар ќе биде ГГ прво и навистина сите тимови даваа гол во првото полувреме. Му остана уште дека на дербито Ливерпул – Манчестер сити ќе има барем пет гола. По првото полувреме беше 0-0 и не делуваше дека може да паднат пет гола, но како што се вели: кога сака сака.