Сер Оли чекаше 5 месеци за 500-ка, денеска е подготвен за убав јубилеј (Видео)

Левиот бек на Зулте Варегем, Оливие Дешахт чекаше цели пет месеци за да има можност да го одигра 500-от меч во кариерата и денеска конечно ќе има шанса од 16 часо против Генк да прослави убав јубилеј.

Претходниот дуел што го играше во Жупилер лигата и му беше 499-ти нема да го памети по добро, бидејќи загуби со 7:0 од својот омилен клуб Андерлехт.

Токму во редовите на гигантот од Брисел ги одигра грото од мечевите, или точно 442, а целата кариера ја мина во три клуба во Белгија.

За Андерлехт играше цели 17 години од 2001 до 2018, потоа една сезона одигра за Локерен, а од лани е член на Зулте Варегем.

Дешахт играше и за селекцијата на Црвените ѓаволи, за Белгија и има 20 настапи без постигнат гол. Моменто тој е играчот со најмногу настапи во Жупилер лигата од активните играчи, а најави дека ќе игра уште, иако има 39 години.

 

- Оглас -

Најнови вести