Серафимов: Селекторот Лазаров верува и во нас помладите

Ракометната репрезентација на Македонија од вчера е во Маврово, каде што ја одржува првата фаза од подготовките за Европското првенство. До стартот на ЕП има уште три недели, а тимот на селекторот Кирил Лазаров во Маврово ќе одигра и две контролни средби, со Кувајт на 27 и 29 декември.

„Подготовките течат одлично, а и верувам дека ќе продолжиме во овој ритам. Сѐ што работиме е точно и прецизно и секој си ја знае својата работа. Секако, ние помладите знаеме да направиме почесто грешки, но затоа тука имаме квалитетен стручен штаб и поискусни играчи кои можат да ни даваат совети за како побрзо и поефикасно да се вклопиме во тимот и да ги намалиме грешките“, вели Мартин Серафимов.

Серафимов додава дека селекторот им верува на помладите.

„Селекторот Лазаров верува во секој играч кој го има на располагање и затоа ние помладите добиваме сѐ повеќе одговорност на теренот. Се разбира, честа е голема да си дел од вакви подготовки, посебно пред настан како Европското првенство“, смета Серафимов.

- Оглас -

Најнови вести