Сердарот со хет-трик и асистенција го казни касапот, Фенербахче го столчи Ризеспор со 6:0 (Видео)

Фенербахче го декласира Ризеспор со 6:0 на гостински терен и е многу блиску до настап во квалификациите за Лигата на шампионите, а блескаше Сердар Дурсун со хет-трик и една асистенција.

Работата на гостите им ја олесни глупавата постапка на Бразилецот Бајано Фабрицио кој беше исклучен во 36-та секунда од мечот.

Бајано кој има најмногу црвени картони сезонава, а овој денеска му беше четврти направи фаул над Креспо, веднаш на стартот од мечот, а потоа со лакт го удри и стоперот на гостите Ким, па беше исклучен.

https://twitter.com/Kaan_turk_footy/status/1517557954123374597?s=20&t=qSLIlDkJ6FTaQzI2kV4uHQ

Потоа почна голеадата на Фенербахче, а прв стрелаше прецизно Диего Роси по асистенцијата на Дурсун во деветтата минута.

Дурсун постигна хет-трик со голови во 48. и 54. минута во судиското продолжение од првото полувреме и двата од пенал, а потоа и во шесттата минута од второто полувреме.

Ризеспор во Втората лига го испратија и Валенсија и Сангаре со погодоци во 65. и76. минута.

Ризеспор има 30 бода на четири кола до крајот на првенството, 10 помалку од Ѓиресунспор, екипа која е прва над зоната за испаѓање, а има и меч помалку.

Фенер е на второто место што води во ЛШ со 65 бода, четири повеќе од Коњаспор, но со меч повеќе.

 

- Оглас -

Најнови вести