Серена Вилијамс испушти четири меч-топки и загуби

Каролина Плишкова ќе игра со Наоми Осака во второто женско полуфинале на тенискиот гренд слем турнир, Отвореното првенство на Австралија. Чехинката ја порази Серена Вилијамс со 6-4, 4-6, 7-5, додека Јапонката Осака само за 72 минути беше подобра од Елена Свитолина со 6-4, 6-1.

Плишкова на сензационален начин се најде во следната рунда откако во текот на средбата спаси четири меч-топки на Вилијамс. Во третиот сет Вилијамс водеше со 5-1 и 40-30, но 37-годишната Американка не сакајќи го свитка глуждот на левата нога и не само што го загуби тој гејм, туку и сите останати до крајот на четврт-финалето со седмата носителка Плишкова.

Серена испушти шанса да дојде до осмата титула во Австралија, а нема да има и нејзин прв меч против Осака по хаосот кој се случи во финалето на Отвореното првенство на САД во август.

- Оглас -

Најнови вести