Серена Вилијамс кажа која ѝ е омилена тенисерка

Американската тенисерка Серена Вилијамс откри дека е фан на 19-годишната Бјанка Андрееску и во неа гледа своја наследничка според стилот на игра.

„Официјално можам да кажам: Јас сум навивач на Бјанка. Таа има само 19 години, но изгледа како да е многу постара, така и се однесува. Играта ѝ е многу зрела, како и однесувањето на теренот“, рече Вилијамс, која на 11 август во финалето во Торонто се сретна со Канаѓанката со романско потекло, но при 3-1 за Андрееску во првиот сет, Американката поради повреда се предаде.

Андрееску е на 15-тото место на ВТА-листата, а во 2019 година од 42 меча, има 38 победи и четири порази.

- Оглас -

Најнови вести