Сергеј ќе биде новиот „ѓавол“ на Манчестер јунајтед за 75 милиони евра

Сергеј Милинковиќ-Савиќ се сели на „Олд Трафорд“ за сума од 75 милиони евра, плус вообичаените бонуси, а тоа веројатно ќе предизвика да се случат уште два значајни трансфери, објавија италијанските медиуми.

Играчот за врска на Лацио ја прифатил понудата на „црвените ѓаволи“ и ќе потпише петгодишен договор, а тоа може да доведе до уште еден голем трансфер, тој на Пол Погба во Реал Мадрид.

Клаудио Лотито во име на Лацио веќе ја прифатил понудата од 75 милиони евра за српскиот репрезентативец, Реал сега може да го купи Погба, а римскиот клуб ќе го ангажира Јусуф Јазичи за 15 милиони евра од Трабзонспор.

 

- Оглас -

Најнови вести