Серхио Рамос е ненадминлив во добивање картони

Со црвениот картон кој го доби синоќа против Манчестер сити, капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, се изедначи со Едгар Давидс и Златан Ибрахимовиќ по бројот на исклучувања во Лигата на шампионите. Тројцата имаат по четири црвени картони во кариерата во ЛШ.

На Рамос не му беше вечерта, освен тоа што ќе го остави тимот на цедило на реваншот, беше виновник за првиот примен гол, кога го загуби воздушниот дуел со Габриел Жезус, а за малку ќе си дадеше автогол.

Рамос во кариерата има добиено 27 црвени картони на клупска сцена. Тој е играч со најмногу жолти и црвени картони во историјата на шпанското првенство, во историјата на ЛШ, во историјата на Реал Мадрид, а во шпанската селекција е рекордер по број на картони.

- Оглас -

Најнови вести