Серија А вечерва добива нов лидер?

Наполи со победа на вечерашното гостување кај Удинезе ќе се искачи на првото место на табелата во италијанската Серија А со максимални 12 бода од четири кола. Затоа играчите и навивачите на Наполи посакувале Милан да не слави против Јуве за Наполитанците вечерва да може да избијат на чело на табелата, и тоа како соло лидери.

За тимот од Неапол, дуелот со Удинезе е работа на престиж, но не за да му докажат на Удинезе кој е подобар, туку да се најдат пред најголемите ривали. Но, нема да биде лесно. Удинезе, исто така, добро ја отвори сезоната и има само два бода помалку од Наполи.

Поради повредата на Илија Несторовски, нема да има македонско дерби, но важноста на натпреварот за Елиф Елмас е многу голема бидејќи неговиот тим има прилика да ги прескокне двата клуба од Милано и да го преземе првото место со два бода предност.

- Оглас -

Најнови вести