Сериозен ли е Кин? Арсенал има доволно квалитет да избори опстанок

Вулверхемптон вчера му зеде мерка на Арсенал на „Емирати“ во победата од 2-1, по што Топчиите останаа во долниот дел на табелата во Премиер лигата, а притисокот врз менаџерот Микел Артета станува сè поинтензивен.

Гигантот од Северен Лондон повторно западна во криза, а според анализата на Рој Кин, се чини дека ситуацијата во таборот на Арсенал воопшто не е добра.

„Искрено, во моментов не личи на голем клуб. Не е во нивен прилог што следниот викенд играат градско дерби против Тотенхем. Можеби Арсенал нема да чувствува толку притисок бидејќи игра на гости, каде што нема да има противнички навивачи. Сепак, мислам дека Арсенал има квалитет да се избори за опстанок во Премиер лигата“, истакна Кин, по што неговите колеги во студиото се прашуваа дали е сериозен или се шегува.

https://twitter.com/SkySports/status/1333172261357039619

 

- Оглас -

Најнови вести