Сестрата на Кавај Ленард убила баба за околу 1.000 долари

Сестрата на НБА ѕвездата Кавај Ленард, е обвинета дека заедно со уште една жена, нападнале 84-годишна старица за да ја ограбат, а жената подоцна починала. Кимеша Мона Вилијамс заедно со Тај Тонсвел ја следеле 84-годишната Афаф Анис Асад до тоалетот во едно казино во Лас Вегас, а потоа ја нападнале и ѝ ја одзеле паричникот во кој имало помеѓу 800 и 1.200 долари.

Инцидентот се случил на 31 август, а од здобиените повреди, старицата починала на 4 септемви. Напаѓачите се уапсени еден ден пред да почине бабата.

Денис Вурвард која е тетка на обвинетата Вилијамс, изјави дека нејзината внука, всушност е сестра на двократниот НБА првак, Ленард. Засега, Кавај ниту го потврдува, ниту го демантирал ова тврдење на тетката на уапсената.

Двете жени кои сега се обвинети не само за кражба, туку и за убиство, и во минатото имале проблеми со законот и краделе паричници.

 

- Оглас -

Најнови вести