Сетјен доби засилување пред дуелот со Баерн

Пред Барселона е можеби најтешкиот предизвик сезонава, за пласман во полуфиналето од ЛШ треба да го надигра германскиот првак Баерн Минхен. Баварците делуваат несовладливо во моментов, во одлична форма влегоа по рестартот на сезоната, а и против Челзи покажаа доминација.

Сепак, тренерот Кике Сетјен доби засилување во пресрет на спектаклот кое сигурно може да му направи проблем на баварскиот гигант. Усман Дембеле се најде на списокот за мечот и веројатно ќе добие прилика да заигра по осум месеци пауза.

Брзоногото француско крило од јануари нема заиграно за шпанскиот вицепрвак, но веќе извесно време напорно работи да биде подготвен токму за овој дуел.

- Оглас -

Најнови вести