Северина пееше на журката која Дончиќ ја направи по потпишувањето на 207 милиони долари вредниот договор (Видео)

Лука Дончиќ потпиша неверојатен петгодишен договор со Далас маверикс кој ќе му донесе неверојатни 207 милиони долари. Со овој договор Дончиќ не само што ја има обезбедено својата иднина, туку иднината и на неколку генерации.

По потпишувањето на договорот, Лука беше запрашан на што би ги потрошил парите, а тогаш со насмевка одговори. Веќе вечерва, Дончиќ организирал голема забава на која присуствувале и првиот човек на Далас, Марк Кјубан, тренерот Џејсон Кид, како и легендата на клубот Дирк Новицки.

Главна за атмосферата била сплитската пејачка Северина која направила одлична атмосфера за Дончиќ и друштвото.

Забавата била „зачинета“ и со спектакуларен огномет, а дел од присутните преку социјалните мрежи ја пренесоа атмосферата од забавата на Дончиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести