Северот доминира на Африканскиот куп на нациите

По завршувањето на првата фаза од Африканското првенство, се прават анализи на направеното, а најголеми причини за задоволство имаат три селекции од северниот дел на Црниот Континент. Националните тимови на Египет, кој е домаќин на Купот на нациит заедно со Алжир и Мароко, се единствените со 9 бода по трите кола.

Заедничко за овие три земји е што се наоѓаат во северниот дел на Африка и излегуваат на Средоземното море. Од нивните соседи од северот, само Тунис не го освои првото место во групата, но и Тунижаните се пласираа во следната фаза.

На претходните четири африкански првенства, победуваа селекции од јужниот или средниот дел на Африка, но работите се менуваат, а тоа се виде и на СП во Русија, каде што играа три тима од северот, плус Сенегал и Нигерија, кои не спаѓаат во арапски земји.

Најпријатно изненадување е Мадагаскар, кој иако е дебитант, го освои првото место и во осминафиналето ќе игра со ДР Конго, па може да дојде до четврт-финале против Гана или Тунис. И Бенин првпат ја мина групната фаза, а оваа селекција уште не знае за победа на Купот на нациите, туку собра три бода од три настапи. Дерби на осминафиналната рунда ќе биде пресметката меѓу Нигерија и Камерун, а Египет ќе се сретне со Јужна Африка.

- Оглас -

Најнови вести