Веќе четири скршеници сезонава за играчи на Севилја

Ибрахим Амаду мораше да го напушти теренот во 12-тата минута на средбата Севилја – Стандард Лиеж поради изместен лакот, а можеби снимките ќе покажат дека има и скршеница. Тој беше изнесен од терен на носила. Андалузијците немаа проблем со белгискиот тим и убедливо победија, но навистина немаат среќа со повредите.

Малерот почна кон крајот на август, кога Серхио Ескудеро се здоби со дислокација на лакотот на дуелот со Вилјареал. Ескудеро нема да игра неколку недели.

Нешто слично му се случи на Габриел Меркадо во градското дерби со Бетис. Аргентинецот при еден пад, скрши коска во десното рамо. Меркадо веќе тренира, но не се знае кога ќе може да игра.

Максим Гоналон на тренингот на шести септември ја повреди ногата и нема да игра еден месец. Сега со Амаду има само проблем плус за лекарскиот и стручниот штаб на Севилја.

- Оглас -

Најнови вести