Севилја го утна правецот за ЛШ

Севилја доживеа тежок и неочекуван пораз од Леганес на домашен терен, загуби со 0:3 и драстично си ги намали шансите за нов настап во Лигата на шампионите.

На „Рамон Санчес Писхуан“ сензација приреди гостинот од Мадрид, екипата на Леганес и славеше со 3:0. Јусуф Ен Несири со два гола беше режисер на изненадувачката победа на гостите, кои немаа резултатски императив, но одиграа многу поодобро од големиот фаворит.

Еден погодок постигна Брајтвајт, доволно за убедлив триумф на гостите. Севилја има 55 бодови, исто како и Хетафе, но е со меч повеќе и трена да одигра уште два натпревари.

Со поразот тимот од Андалузија и отвори шанса и на Валенсија со победа да се израмни на 55 бода, па трката за четвртото место, последно во Ла Лига што води во ЛШ ќе биде неизвесна до самиот крај.

- Оглас -

Најнови вести