Севилја купи играч на Барселона за „милионче“

Севилја го ангажираше Мунир Ел Хадади од Барселона за сума од еден милион евра. На 23-годишниот фудбалер му истекуваше договорот по крајот на оваа сезона, а откако управата на Барса потврди дека нема да дојде до обнова на истиот, фудбалерот се пресели во Андалузија каде ќе игра во следните три и пол сезони.

Мароканецот со шпански пасош настапи на 56 меча во сите натпреварувања за Барселона, на кои постигна 12 погодоци. Како член на првиот тим, Мунир може да се пофали дека освоил две шампионски титули со „каталонците“, еден трофеј во Купот на Кралот, како и најпрестижниот пехар од Лигата на шампионите.

Севилја воедно договори и засилување за одбраната, во редовите ќе пристигна младиот Максимилијан Вобер од Ајакс. Андалужаните ќе исплатат речиси 11 милиони евра за услугите на 20-годишниот австриски дефанзивец, а денес се очекува да ги комплетира медицинските прегледи пред трансферот да биде официјализиран.

https://twitter.com/SevillaFC_ENG/status/1083809170015563782

- Оглас -

Најнови вести