Сезона број 75 – Викинзите денеска се враќаат на фудбалската сцена

Уште едно фудбалско првенство во Европа се враќа на сцената од денеска, а Норвежаните ќе означат почеток на новиот шампионат со мечеви од првото коло од 18 часот.

Популарните Викинзи ќе ја имаат епизодата со број 75, а со елитен фудбал почнаа во сезоната 1937/38. Интересно е што првиот шампион и втората најтрофејна екипа во Норвешка, Фредрикштад, ќе игра во Втората лига, а има 9 титули и првата ја освои со почетоците на професионалниот фудбал во земјата на Викинзите.

Шампионската круна ќе ја брани Молде, клуб што ја прекина четиригодишната доминација на Розенборг. Токму клубот од Трондхајм е убедливо најтрофеен во Норвешка со 26 титули, 17 повеќе од Фредрикштад и 18 од Викинг.

Првакот Молде ќе ја почне новата сезона денеска од 18 часот, како гостин на Алесунд, Розенборг ќе му биде домаќин на Кристијансунд, а Викинг ќе го пречека Бодо Глимт.

Уште два меча од првото коло ќе се играат вечерва од 18 часот, дуелот меѓу Сарпсборг и Волеренга е закажан за во 20.30 часот, а стартната рунда ќе се комплетира утре, со уште два дуели.

 

- Оглас -

Најнови вести