Сезоната ја завршија како убедливи лидери, но поради едно бизарно правило нема да бидат прваци

Екипата на Ројал Унион во Белгија е најпријатното изненадување. Во текот на целата сезона, Ројал Унион играше одлично и по 34 одиграни кола, заврши како лидер со 77 бодови, пет повеќе од Бриж.

Сепак, за разлика од германската Бундеслига, каде што по 34 кола се дознава првакот, во Белгија следува плејофот со четирите најдобри екипи. Сепак, пред почетокот на плејофот следува кратење на поените на половина, што е малку нелогично.

Синоќа Ројал Унион загуби во дербито од Бриж и сега Бриж е лидер со 46 поени, а Ројал Унион има 43. Бриж со победа во следното коло ќе биде првак на Белгија, додека Ројал Унион ќе игра во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести