Сезоната во НХЛ-лигата почна со пораз на шампионот

Сезоната во НХЛ-лигата ноќеска започна со пораз на актуелниот шампион. Тимот на Сент Луис блуз загуби со 2-3 на домашен терен против Вашингтон капитолс, меч во кој победникот се одлучуваше во дополнителниот период.

Домаќините ќе жалат што ја разочараа својата публика во премиерниот дуел бидејќи имаа два гола предност во воведните осум минути од првата третина. Сепак, погодоците на Блејс и Пјетранџело не беа доволни, Овечкин во 16-тата минута од истиот период намали на 2-1, а потоа Орлов ја врати неизвесноста на средбата во средината од втората делница.

За конечните 3-2, на Врана му беа потребни помалку од три минути да постигне мајсторски погодок.

Интересно е што во четири средби кои се одиграа ноќеска, само хокеарите на Вашинтон како гости издвоија победа. Торонто со 5-3 ја совлада Отава, Едмонтон беше подобар од Ванкувер со 3-2, а Златните витези од Вегас со убедливи 4-1 славеја над Сан Хозе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести