Сезонава игра како „дух“ на теренот, а Манчестер сити за него дава над 100 милиони евра

Хари Кејн несомнено е еден од најдобрите напаѓачи во светот, но почетокот на оваа сезона за него е катастрофален. Напаѓачот на Тотенхем, за кого ова лето Манчестер сити даваше над 100 милиони евра, нема постигнато ниту еден погодок на четирите средби што ги одигра за твојот тим.

Не само што нема постигнато гол, туку на овие одиграни средби има упатено само четири шута кон противничкиот гол. За последен пат, Кејн ваков лош почеток имаше во сезоната 2015/16.

Тотенхем вчера против Челзи упати само два удари во рамките на голот на Менди, а на крајот беа поразени со убедливи 3:0.

- Оглас -

Најнови вести