Сезонава секој гол ќе биде важен поради новото правило во Лигата на шампионите

Новата сезона во фудбалската Лига на шампиони вчера понуди повеќе голови од кога било: 28 гола во првите шест натпревари, со просек од дури 4,66 гола по меч. Ова има свое објаснување затоа што прв критериум за влез во најдобрите осум во случај два тима да имаат еднаков број бодови ќе биде гол-разликата.

Сите ќе сакаат да имаат што подобра гол-разлика и што повеќе дадени голови затоа што речиси сигурно е дека ќе има клубови со еднаков број бодови, можеби и со иста разлика, па тоа би им донело предност.

Во случај да има две или повеќе екипи со еднаков број бодови во поединечниот пласман, критериумите ќе бидат следните:

  1. Разликата во головите меѓу постигнатите и примените.
  2. Доколку имаат еднаков број бодови и разликата на дадени и примени е иста, тимот со најмногу постигнати голови ќе биде во предност на табелата.
  3. Најголем број постигнати голови на гостински терен.
  4. Најголемиот број победи.
  5. Најголем број победи на гостински терен.

 

- Оглас -

Најнови вести