Шахот не памти вакво чудо, 17-годишно момче го матира шампионот

Пред неполни 20 дена, Магнус Карлсен ја одбрани светската титула во шах откако без многу проблеми го совлада предизвикувачот Јан Непомнијачи од Русија. Ова беше четврта планетарна титула во низа за најдобриот шахист на денешницата.

Сепак, дека Норвежанецот може да биде матиран, покажа 17-годишниот тинејџер Нодирбек Абдусаторов. На Светското првенство во Варшава, во брзопотезен шах, Абдусаторов го победи големиот фаворит Карлсен.

Абдусаторов сега има осум од 10 и во пресрет на последните три кола е многу блиску до сензационална титула во брз шах.

„Имав доста среќа. Магнус можеше да извлече максимум реми“, рече срамежливиот тинејџер по најголемата победа во кариерата.

https://twitter.com/i/status/1475846192353447944

- Оглас -

Најнови вести