Шаќири повторно ги налути Србите: Очекуваме жестока реакција од УЕФА и ФИФА (ВИДЕО)

Џердан Шаќири повторно го навлече гневот на српската јавност.

Швајцарскиот репрезентативец по завршувањето на натпреварот со Северна Ирска, добиј јакна со „УЧК“, која за волја на вистината веднаш ја симна, но, пред да го стори тоа се насмевна кон човекот кој му ја подаде.

Ваквиот настан ги изнервира Србите кои преку својата фудбалска федерација испратија протестно писмо до УЕФА и ФИФА во кое бараат да се казнат одговорните.

„Подготвуваме протестно писмо до ФИФА и УЕФА и се надеваме дека ќе има соодветни реакции од нив како федераии кои што имаат нулта толеранција за националистички испади. Се надеваме дека инволвираните ќе бидат соодветно казнети,

Исто така имаме и реакција кон објавите на натпреварот меѓу Шведска и Албанија, каде што имаше натписи ‘Косово е Албанија’. Се надеваме на реакција од ФИФА и УЕФА“ изјави портпаролот на ФСС, Јован Шурбатовиќ.

- Оглас -

Најнови вести