Фелаини влезе и го „утепа“ стујардот со топка (Видео)

Јирген Клоп го надмудри Жозе Мурињо, во дуел на двајца докажени тренери, откако Ливерпул со 3:1 славеше над Манчестер јунајтед. Ливерпул го искористи домашниот терен и со освоените три бода, се врати на лидерското место на табелата во Премиер лигата.

Германскиот стратег Клоп е еден од хероите, бидејќи направи вистински потег со внесување на Џердан Шаќири во игра. Швајцарскиот репрезентативец му возврати со два гола кои беа доволни за конечна радост на „Енфилд Роуд“. Додека измената на Клоп беше вистинска, играчот кој во игра го внесе Мурињо се покажа како „смешка на мечот“.

Менаџерот на Манчестер во второто полувреме го внесе Маруан Фелаини, надевајќи се дека Белгиецот може да биде видтински потег како на неколку мечеви претходно сезонава. Сепак, Фелаини се изгуби на теренот, а потегот по кој ќе се памти е кога сакаѓе да шутира, но неговиот удар не само што беше далеку од голот на Алисон, туку заврши во стујардот кој беше покрај корнер знаменцето.

https://twitter.com/Futbol_Replays/status/1074359661309190146

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести