Баерн Минхен – Унион Берлин (15.30 часот)
Баерн не смее да си дозволи трет кикс по ред во Бундеслигата, а Унион Берлин е екипа што тешко може да му парира на германскиот првак.
Баварците и даваат, но и примаат многу голови, па и денеска очекувам ефикасен меч и сигурна победа на шампионот. Притисокот кон Нико Ковач е голем, но тој успеваше да ги избегне сите замки и да продолжи на кормилото на Баерн. Верувам дека повторно ќе успее и денеска и со победа ќе се вратат работите во нормала кај првиот фаворит за титулата во Бундеслигата.
Предлог тип: 1-1&3+ (1.60)
Фрајбург – Лајпциг (15.30 часот)
Очекувам денеска да се прекине една интересна серија на домашни победи кога играат Фрајбург и Лајпциг. На последните пет меча секој си победуваше на свој терен, но сега ќе типувам на успех на гостите.
Лајпциг има подобра и поискусна екипа од младиот состав на Фрајбург, иако проблем за Ред Бул е што има доста повредени играчи и настапува на два фронта со напорни мечеви и во Лигата на шампионите.
И во такво темпо успеваат да се одржат во горниот дел од табелата, каде ќе останат и по денешното гостување на „Шварцвалд“ стадионот во Фрајбург.
Предлог тип: 2&3+ (2.75)
Херта – Хофенхајм (15.30 часот)
Ова според мене ќе биде најнеизвесниот дуел во деветтото коло и ќе типувам на нерешен резултат. Не гледам фаворит на мечот во Берлин, а и според досегашните игри некако најблиску ми е дека мечот ќе заврши без победник.
Двете екипи имаат по 11 бодови, ја стабилизираа формата и им одговара реми. Хофенхајм успеа да го изненади Баерн Минхен со победа на гостински терен, а потоа го надигра и Шалке 04 што е успех, но има големи кадровски проблеми пред гостувањето во Берлин. Повредени се дури 8 играчи, што ќе биде голем проблем за Холанѓанецот Шредер.
Херта нема победа на свој терен против Хофенхајм од 2015 година, па целата ситуација некако насочува кон прогноза дека мечот ќе заврши без победник.
Предлог тип: Х (3.55)
Падерборн – Фортуна Диселдорф (15.30 часот)
Падерборн почна да ја губи силата во првата сезона како Бундеслигаш и очекувам успех на гостинската екипа. Фортуна лани направи подвиг и со серија добри резултати успеа да се извлече од опасната зона и да опстане во Лигата.
И сега се во слична ситуација, а дуелот со Падерборн им е шанса да стасаат до 10 бода и да се искачат во средината на табелата.
Двете екипи за првпат ќе играат бундеслигашки меч меѓусебе и ќе типувам дека Фортуна нема да загуби.
Предлог тип: Х2 (1.56)
Шалке 04 – Борусија Менхенгладбах (15.30 часот)
Шалке 04 е сосема нов тим во однос на ланската сезона кога разочара и едвај се спаси од испаѓање. Под команда на Давид Вагнер играат одличен фудбал и имаат добра шанса и денеска да слават, во големото дерби на Рур.
Очекувам дека ќе го искористат падот на формата кај Борусија, екипа што игра со зачестено темпо, поради мечевите и во Лигата на шампионите. Домаќините се поодморни, во подобра форма и ќе прогнозирам дека ќе се радуваат на победа.
Предлог тип: 1 (2.95)