Шалке го посрамоти германскиот клупски фудбал

Поразот од 0-7 од Манчестер сити го смести Шалке на столбот на срамот во Германија бидејќи никогаш претходно не се случило еден клуб од Бундеслигата во меч од Лигата на шампионите да загуби со ваков катастрофален резултат.

Единствена светла точка на тимот од Гелзенкирхен беа неговите навивачи, кои во голем број отпатуваа во Англија, но составот на Пеп Гвардиола беше пресилен.

Седум гола во ЛШ има примено и Баер Леверкузен, кога беше уништен со 1-7 од Барселона, во меч на кој Лионел Меси даде рекордни пет гола.

- Оглас -

Најнови вести