Шалке ита кон Бундеслигата, Чурлинов влезе во завршницата

Екипата на Шалке 04 дојде до четврттата победа едноподруго во Бундеслига 2, откако на домашен терен сега беа подобри од хајденхајм со 3:0. Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов беше на клупата за резервни фудбалери, а доби шанса во 81-та минута.

Од друга страна, пак, навивачите на Шалке имаат големи причини за радост, бидејќи формата во завршницата од сезоната е на навистина високо ниво и тимот е сега на делба на првото место.

По 53 бода имаат Шалке и Вердер додека Сент Паули има еден помалку, а за вистинскиот хаос на врвот се подрижува и Дармштад кој има 51 бод, но и натпревар помалку.

До крајот на сезоната во „цвајте“ има уште пет кола, по што ќе се знаат екипите кои што ќе патуваат во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести