Шалке мора да победи на мечот кој може да го најави нивниот спас

1809 Лајпциг – Унион Берлин (20:30 ч.)

Унион Берлин е тимот кој блеска периодов во Бундеслигата, па може да се пофали со победи против Баер Леверкузен (1:0), триумф над Борусија Дортмунд (2:1), како и нерешени средби против Баерн Минхен (1:1) и Волфсбург (2:2). Лајпциг е уште еден фаворит кој треба да внимава како ќе одигра против осоколениот гостин.

Лајпциг има четири победи и едно реми од последните пет меѓусебни меча, а головите се традиција за нивните пресметки.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.85)

 

3001 Удинезе – Аталанта (15 ч.)

Ужасна е серијата на Удинезе само со три освоени бода во последните седум кола од Серија А. Аталанта два месеци е без пораз, а гостите очекуваат да влезат во голгетерски ритам. Тимот од Бергамо ги доби последните пет средби со Удинезе и секојпат даваше барем по два гола, што значи дека може да се очекува ефикасен дуел.

Реално, Удинезе нема сили да се спротивстави на фаворитот на овој меч.

Предлог тип: 2&2-4 (2.90)

 

1004 Фулам – Манчестер јунајтед (21:15 ч.)

Манчестер е во неверојатна низа и цела година нема ниту еден пораз на гостински терен во Премиер лигата. Црвените ѓаволи сезонава во девет средби имаат седум победи и само две нерешени и дури 22 постигнати голови.

Фулам е тим кој дома победил само еднаш сезонава и има очајни шест погодоци во девет меча. Два месеци лондонскиот тим нема радост во првенството, а традицијата што ја има против Манчестер не му дава надеж ни сега.

Манчестер има 10 победи и две нерешени без пораз во последните 12 средби против Фулам.

Предлог тип: 2 (1.67)

 

1805 Шалке – Келн (18:30 ч.)

Во последниот меч на домашен терен, Шалке успеа убедливо да победи со 4:0, а со тоа и да избегне да прослави една година без триумф во Бундеслигата. Тимот од Гелзенкирхен најавува дека ќе се бори да се спаси од испаѓање, а по враќањето на Сеат Колашинац, сега во составот го вратија и искусниот голгетер Клас-Јан Хунтелар.

Келн е ривал како по мерка, ако се знае дека Јарците исто така се во зоната за испаѓање. Шалке едноставно ако сака да покаже дека има сили да се спаси, ова е дуелот кој мора да го добие.

Предлог тип: 1 (2.60)

 

1701 Олимпик Марсеј – Ленс (21 ч.)

Домаќините се во лоша форма и имаат само една победа во последните седум првенствени меча, па затоа заостанаа во трката за титулата. Сепак, Ленс е ривал како по мерка. Шест победи и едно реми за Олимпик е билансот во последните седум меѓусебни средби.
Ленс игра отворен фудбал, па просекот на погодоци сезонава им е над три по меч, па сигурно нема да се бранат и во Марсеј.

Предлог тип: 1Х&2-5 (1.78)

 

- Оглас -

Најнови вести