Шалке нема да дозволи да загуби од Борусија

Шалке – Борусија М. (20:30 ч.)

Втората полусезона во Бундеслигата започнува со дуел на две екипи кои се борат за титулата. Шалке дома има само еден пораз, но сепак, четирите нерешени средби, не даваат голема самодоверба за домаќините.

Традицијата е на страна на Борусија затоа што во последните осум средби со тимот од Гелзенкирхен, нема ниеден пораз (три победи и пет нерешени). Головите не би требало да изостанат, а фаворитската улога малку ќе ја дадеме на страната на домаќините.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.25)

 

Леганес – Хетафе (21 ч.)

На домаќините им претстои грчевита борба за опстанок во Примера. Хетафе нема да има сили да се бори за место кое води излез во Европа, но затоа е сигурен во првиот дел од табелата. Ако сака Леганес да брка бодови за опстанок, не смее да си дозволува порази на свој терен од противници како Хетафе.

Традицијата вели дека на пет од последните шест меѓусебни меча немало повеќе од два гола, па и сега се очекува тврд меч со малку погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.85)

 

Мехелен – Стандард (20:30 ч.)

По 21 одиграни меча во Белгија, разликата меѓу овие два тима е само еден бод во корист на Стандард Лиеж. Мехелен не е нешто убедлив на свој терен и во 10 меча прими 17 гола. Стандард игра офанзивно, а и последните три меѓусебни средби завршиле со погодоци во мрежите на двете екипи.

Предлог тип: ГГ3+ (2.00)

 

Фулам – Мидлсбро (20:45 ч.)

Фулам има квалитет да биде во екипите кои на крајот би разигрувале и за влез во Премиер лигата, додека Мидлсбро е екипа од средината на табелата. Домаќините го имаат четвртиот најдобар напад во Чемпионшип, но не треба да се занемари фактот дека Мидлсбро има четири победи и реми на последните пет лигашки средби.

Ова е меч на кој не би требало да изостанат погодоците.

Предлог тип: 1-3 I &1-3 II (1.87)

 

Португалија – Шведска (20:30 ч.)

Иако Португалија стои како официјален домаќин, Шведска ќе ја има поддршката бидејќи мечот се игра во Малме. Португалија е најпријатното изненадување на ЕП, откако во првата фаза ја победи и елиминираше Франција.

Шведска ако веќе направи еден кикс против Словенија, па ако сакаат Викинзите да останат со шанси за место кое води во полуфиналето, веќе не смее да си дозволат луксуз да загубат. Речиси 20 години овие селекции не играле меѓусебе, а во досегашните три меча, Шведска лесно победувала.

Предлог тип: 2 (1.40)

 

- Оглас -

Најнови вести