Вреди ли да се ризикува? Шалке сонува за чудо вредно коефициент 11

Шалке 04 е најголемото разочарување во Бундеслигата сезонава. Тимот од Гелзенкирхен има само едно реми и дури три порази во првите четири кола и тоа со гол разлика од само два дадени и дури 16 примени гола. Со ваков скор, Шалке го има најслабиот напад и најочајната одбрана.

Во минатото коло, Шалке одигра 0:0 против Унион Берлин, па навивачите од Гелзенкирхен решија да поразговараат со фудбалерите и тоа во пресрет на големото дерби, против Борусија Дортмунд. Милионерите се најголеми ривали на Шалке, а борбата е за тоа кој е најдобар во областа Рур.

Според моменталната форма Борусија е голем фаворит пред денешниот меч. Дуелот се игра во Дортмунд што треба да е уште еден плус за Милионерите. Сепак, ако се види вкупниот биланс во 95 години долгата традиција, Шалке има 60 победи, Борусија се радувала 53 пати, а 43 средби завршиле нерешено.

Иако Борусија е многу поуспешна во последните во Бундеслигата во последните неколку години, сепак кога се работи за Рурското дерби ситуацијата е израмнета. На последните девет меѓусебни меча, двата тима имаат по две победи, а дури пет средби завршиле нерешено.

Пред една и пол година, Шалке дури и победи во Дортмунд со 4:2, а сега да го направи истиот подвиг му се дава коефициент 11. Ваквиот коефициент е логичен ако се знае дека Шалке нема победа во Бундеслигата дури 20 натпревари во низа. Последен пат Шалке се радувал на 17 јануари против Борусија Менхенгладбах со 2:0.

Реално Борусија треба лесно да победи, но ако се знае дека дерби мечевите секогаш се посебна инспирација, дека еден момент може да биде решавачки, за оние кои сакаат да ризикуваат на големи коефициенти, „двојката“ е вистински подарок.

 

- Оглас -

Најнови вести