Со победата од 2-0 на гости над директниот ривал Бохум, екипата на Шалке 04 конечно го напушти последното место на табелата во Бундеслигата и потврдува дека нема намера да се врати во второлигашката конкуренција.
Шалке има серија од шест меча по ред без пораз, па сега Шалке, Бохум, Хофехајм и Штутгарт, имаа ист број бодови, и се наоѓаат на последните четири позиции, а петтиот од долу, Херта, им бега само еден бод, со тоа што Швабите и Берлинците имаат и меч помалку.
Унион Берлин дома одигра само 0-0 против Келн, па полека малиот тим од Берлин ја губи трката за титула, и ги остава Борусија Дортмунд и Баерн Минхен да решаваат кој ќе биде првак.