Шампионат за деца во џудо се претвори во брутален бокс меч на родителите (Видео)

Шампионатот за деца во џудо во Дагестан, Русија, се претвори во голем инцидент и боксерски меч на родителите од бизарна причина. Дел од публиката, претежно составена од родители на децата, но и возрасни џудисти, реагирала на навредите од трибините, па дошло до масовна тепачка и прекин на турнирот.

Во боксерскиот мечот учествувале и учесниците на турнирот во џудо, кои се јуниори, потоа и нивните тренери, па заедно со тепачката на трибините настанал вистински хаос во салата.

Џудистите не ги добија медалите, а им се заканува суспензија поради учество во тепачката, исто како и на нивните тренери. Дагестан е република во составот на Руската Федерација позната по многу борци од светски калибар во боречките вештини, а секако број 1 е Ултимејт фајт иконата Хабиб Нурмагомедов.

- Оглас -

Најнови вести