Шампионот атакува на седма победа во низа против Саутхемптон

1010 Саутхемптон  – Ливерпул (21ч)

Актуелниот шампион ќе треба да се помачи, но дефинитивно шансите се големи да оствари седма победа во низа против Светците и четврта гостинска на „Сент Мери“. Ливерпул и покрај проблемите со повреди, цврсто се држи на лидерската позиција остварувајќи добри резултати, што е доказ за шампионскиот менталитет на Црвените.

Тимот на Клоп ремизираше во последните две кола, што значи дека е време Црвените да се вратат на побеничките патеки. Иако Саутхемптон е доста незгодна екипа предводена од одличниот стратег Ралф Хазенхитл, се чини дека нема најдено начин како да ја прекине негативната серија против гигантот од „Енфилд“.

Предлог тип: 2 & 0-4 (2.11)

 

1359 Валенсија  – Кадис (21ч)

Жално е што се случува со еден од најпогодените клубови од пандемијата со корона-вирусот. Финансиските проблеми ја натераа Валенсија да ги продаде клучните играчи, а и голем дел од оние што останаа моментално не се на располагање поради повреди. Затоа Лилјаците се наоѓаат во битка за опстанок, позиција во која се очекуваше да биде новакот Кадис.

Улогите се сменети, а Кадис како едно од најпријатните изненадувања во Шпанија, може да приреди ново изненадување откако претходно сезонава славеше против големите Барселона и Реал Мадрид, иако екипата е без триумф во последните четири кола.

Од декември 2011 година датира последната сребда меѓу овие две екипи, Валенсија славеше со убедливи 4-0 во возвратниот куп-меч, додека во лигашки рамки Лилјаците во 2006 беа убедливи со 5-3 на домашен терен. Тешко дека такви резултати ќе се повторат, но може да се очекува барем по еден гол на двете страни.

Предлог тип: ГГ (2.07)

 

2830 Касимпаша – Фенербахче (17:00ч)

Фенербахче никако да влезе во победнички ритам и да се приклучи на водечките ривали Бешикташ и Галатасарај, но еве шанса да се поправи учинокот. Касимпаша е екипа која до неодамна беше редовен пациент на гигантот од Истанбул, но во ланската сезона Фенер загуби од оваа екипа првпат по осум години пауза.

Лошата форма на Касимпаша без триумф во три меча во низа може да биде од корист за Фенер, кој досега има најдобар учинок (5 победи во 7 гостувања) во турското првенство кога станува збор за гостински натпревари.

Предлог тип: X2 & ГГ (2.05)

 

3013 Лече – Монца (16ч)

Монца доби големо засилување во Марио Балотели, кој уште на стартот на кариерата во редовите на второлигашот се најави со погодок. Затоа екипата чиј сопстеник е екситалијанскиот премиер Силвио Берлускони, атакува на прв пласман во италијанската елита и е на добар пат да го оствари тоа.

Сепак, и Лече е во позиција да се бори за експресно враќање во Серија А, иако има уште многу да се игра до крајот на шампионатот. Последниот меѓусебен дуел на Монца и Лече беше во 2005 година, Монца славеше на пенали, додека во лигашки рамки ги немаат одмерено силите во 21 век. Поради тоа, потешка е задачата да се типува овој меч, па можеби е најдобро да се очекува ефикасна средба.

Предлог тип: 1+I & 1+II (1.66)

 

1819 Фортуна Дизелдорф – Падерборн (20:30ч)

Според моменталната форма, лесно е да се предвиди победа на Фортуна бидејќи е влезена во серија од четири триумфи во низа во Цвајта. Сепак, негативниот учинок против Падерборн на домашен терен е доволна причина да не се типува на сигурна победа на домаќините.

Падерборн издржа цела деценија да не биде поразен во Дизелдорф, односно славеше во три од последните пет меѓусебни средби во улога на гостин. За Фортуна е добро што уште нема претрпено пораз на домашен терен, па тоа е мотив да се прекине негативната серија против Падерборн.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.14)

- Оглас -

Најнови вести