Шампионот Чиле го знае рецептот – на пенали нема грешка (Видео)

Двократниот шампион на Копа Америка, репрезентацијата на Чиле, се пласираше во полуфиналето и останува со можност да го брани трофејот. Рано утрово, Чиле ја елиминираше Колумбија и тоа дури по подобро изведување на пенали, откако по 90 минути немаше погодоци.

Во текот на поголем дел од мечот, Чиле доминираше, создаваше шанси, но не се израдува на погодок, па мораше да се шутираат пенали. Ударите од белата точка се среќни за Чиле, бидејќи на тој начин станаа шампиони во 2015 и 2016 година, кога во финалето, на пенал-рулетот ја победуваа Аргентина.

И овојпат шутевите од 11 метри се покажаа како добитна комбинација за Чиле. По првите четири серии, погодуваа сите играчи на двете репрезентации, а потоа за Колумбија промаши Вилијам Тесиљо, додека Алекси Санчез погоди за голема радост на Чиле.

Во полуфиналето, Чиле ќе го чека подобриот од дуелот Уругвај – Перу кој се игра вечерва од 21 часот.

https://youtu.be/jevuNk0_Hlw

 

- Оглас -

Најнови вести