Шампионот е во криза, шанса за Лавовите да прекинат долга серија без победа против Шкендија

Шкендија е во криза и го почна новото првенство без победа во првите три кола, а денеска на гости им доаѓа тимот на Македонија Ѓорче Петров, екипа што ги нема победено во официјален меч од 2008 година.

Серијата на Шкендија без пораз против Лавовите е долга и трае веќе 19 меча по ред. Гостите се во солидна форма, со две победи и еден пораз тргнаа во новиот шампионат на Македонија, а имаат и одличен тим за македонски прилики, па се надеваат на прекин на непријатната традиција во дуелите со актуелниот првак.

Уште едно дерби ќе се игра денеска во четвртото коло, а Струга Трим Лум ќе му биде домаќин на Шкупи. И двете екипи се без пораз по три кола, што ветува интересен меч.

Борец ќе се обиде да ја забележи втората победа на домашен терен, а на гости им доаѓа непоразената Брегалница. Штипјани трипати ремизираа во сезоната во која џсе вратија во Првата лига.

Работнички е фаворит против Тиквеш, а во Скопје на Автокоманда ќе гостува Пелистер во меч што ја комплетира петката дуели од 16 часот.

Во вечерен термин од 20 часот лидерот Академија Пандев ќе игра против Ренова. Двете екипи се во водечкото трио, заедно со Шкупи и имаат по 7 бода.

Двојки, 4. коло: Шкендија – Македонија Ѓ.П., Струга Т.Л. – Шкупи, Скопје – Пелистер, Борец – Брегалница, Работнички – Тиквеш, Академија Пандев – Ренова.

 

- Оглас -

Најнови вести