Оли Воткинс со хет-трик во првото полувреме за Астон вила против Ливерпул најавува продолжение на сензационалниот ден во Премиер лигата, што почна со пораз на Лестер од Вест хем, а продолжи со невиден дебакл на Манчестер јунајтед од 1:6 на „Олд Трафорд“ од Тотенхем.
Летното засилување на Астон вила е троен стрелец, а ги постигна првите голови во Премиер лигата, и тоа против шампионот на Англија.
Воткинс ја искористи големата грешка на голманот Адриен во четвртата минута и по асистенцијата на Грилиш, лесно погоди за 1:0.
Истата комбинација Грилиш – Воткинс повторно ја матираше одбраната на Ливерпул во 22-рата минута.
Првакот на Англија иако успеа да ја намали негативата од два гола, со погодокот на Мо Салах во 33-тата минута, има минус од три гола по првото полувреме.
Џон Мекгин постигна и трет гол за домаќините, потоа повторно на сцена стапи Воткинс и најави пеколно тешка вечер за англискиот првак на „Вила Парк“ во Бирмингам.