Шампионот на АБА остана без еден од најуспешните тренери

Грчкиот кошаркарски гигант Панатинаикос го официјализира ангажманот на Дејан Радоњиќ, со кого е потпишана двегодишна соработка.

Се очекуваше црногорскиот стратег да остане на кормилото на Црвена ѕвезда, особено по успешната сезона во која беше освоена тројната круна, АБА-лигата и српското првенство и купот.

Сепак, јадранскиот првак остана без еден од најуспешните тренери во својата историја. Во два мандати Радоњиќ им донесе 15 трофеи и го предводеше тимот на повеќе од 450 натпревари во сите конкуренции.

- Оглас -

Најнови вести