Шампионот на НБА ќе извиси, Пол се враќа во Клиперс?

Крис Пол, ѕвездата на Оклахома, е еден од најбараните кошаркари во моментов, особено од страна на екипите кои планираат атак на тронот во НБА-лигата, на кој засега стојат ЛА лејкерс.

Токму актуелните шампиони се споменуваа како фаворити за ангажман на Пол, во оваа трка амбициозно се наметна и Феникс санс, меѓутоа медиумите во САД предвидуваат дека одличниот организатор на игра ќе заврши во градскиот ривал на Езерџиите, ЛА клиперс.

За Пол тоа би значело враќање во оваа екипа, чијшто дрес го носеше од 2011 до 2017 година. Наводно Кавај Ленард инсистирал да се направат напори за ангажман на Пол со цел да ѝ се помогне на оваа франшиза за првпат во историјата да освои шампионска титула.

Останува да се види дали оваа најава ќе се оствари во претстојниот период, ако се знае дека пазарот во НБА-лигата се отвора на 22 ноември.

- Оглас -

Најнови вести