Шампионот не го преживеа ураганот во Каролина

Вашингтон капитулираше во шестиот натпревар против Каролина хурикејнс и загуби со 5-2, па сега шампионот ќе мора да се „вади“ во решавачкиот седми меч, или „мајсторката“, а местото во полуфиналето ќе го бара пред своја публика.

Гостите добро тргнаа и беа самоуверени дека токму ноќеска ќе го обезбедат пласманот во следната фаза. По првите 20 минути Вашингтон имаше водство од 2-1, а потоа му се случи колапс. Каролина израмни на 2-2 со Теравејнен, а во решавачкиот период постигна уште три гола и ја оствари убедливата победа.

„Мајсторката“ е закажана за ноќта меѓу среда и четврток со старт од 01 часот.

Далас старс е петтиот тим (трет од Западот) кој обезбеди конференциско полуфинале во плејофот од НХЛ-лигата. „Ѕвездите“ ноќеска триумфираа со 2-1 над Нешвил предаторс и ја добија серијата со конечни 4-2.

Нешвил отвори во шестата минута од првиот период преку Ватсон, но потоа пофрлија во обидот да останат во игра во оваа серија. Домаќините израмија со погодокот на Комеу, а Клингберг погоди дури во 18-тата минута од дополнителниот период и ја осигури победата на Далас.

Далас во следната рунда ќе се соочи со Сент Луис булс.

- Оглас -

Најнови вести