Шампионот се врати во игра, Феникс лесно излезе на крај со ослабените Клиперси (Видео)

Актуелниот шампион Голден Стејт вориорс се врати во игра во првата рунда од плејоф пресметката против Сакраменто кингс откако славеше со 114:97 и намали на 2:1 во победи.

Воините ги загубија првите два меча кои се играа во Сакраменто, и во првиот дуел пред своите гледачи славеа со убедливи 17 поени разлика. Тие доминираа уште од првата четвртина која ја добија со 29:20 и без многу мака дојдоа до триумфот.

Лидер на Воините беше Стеф Кари со 36 поени, додека Ендрју Вигинс даде 20, а Џордан Пул 16 поени. Кај Сакраменто, Деарон Фокс беше најзабележителен со 26 поени и 9 скокови и асистенции.

Феникс санс го врати брејкот во серијата против ЛА Клиперс откако победи со 129:124 и поведе со 2:1 во победи. Работата на Сонцата беше олеснета поради неиграњето на двајцата најдобри кошаркари на Клиперси, Каваи Ленард и Пол Џорџ.

Неверојатна партија одигра Деви Букер кој постигна 45 поени, додека Кевин Дурант средбата ја заврши со 28 поени. Кај ослабените Клиперси, Норман Пауел даде 42, а Расел Вестбрук 40 поени.

Во Источната конференција, Филаделфија сиксерс се наоѓа пред пласман во втората рунда откако со 102:97 победи и на третиот меч во серијата против Бруклин нетс. Херој на Филаделфија беше Тајриз Макси кој мечот го заврши 25 постигнати поени, од во последната четвртина даде 10 поени по ред и од негатива на неговиот тим од 92:89, му донесе водство од 96:99.

Покрај Макси, во редовите на Филаделфија се истакна Џејмс Харден со 21 поен, додека првата ѕвезда на тимот, Џоел Ембид, одигра слаб натпревар постигнувајќи само 14 поени на кои им придодаде и 10 скокови. Кај Бруклин, Бриџис беше најефикасен со 26 поени, додека Динвиди постигна 20 поени.

- Оглас -

Најнови вести