Шампионот со победи го брани врвот во Метрополитен дивизијата

Вашингтон капиталс – Каролина хурикеjнс (НХЛ, 00 часот)

Шампионот е лидер во Метрополитен дивизијата на Истокот од НХЛ-лигата и е фаворит за победа против Каролина. Гостите се на позиција да играат во плејофот, но не се сигурни дека ќе останат на седмото место бидејќи Монтреал и Колумбус се на три, односно пет бода заостанување зад нив.

Овој меч им значи и на двете екипи, Вашингтон ќе атакува на бодовите за да се задржи на првото место, а Каролина мора да избегне пораз за да не си ја закомплицира ситуацијата и настапот во плејофот. Бодовите се многу важни, но ќе му дадеме предност на актуелниот шампион во НХЛ.

Предлог тип: 1(2.15)

 

Монтреал канадиенс – Флорида пантерс (00.30 часот)

Монтреал е во мртва трка за за да ја зачува осмата позиција во Источната конференција, а Колумбус му е главен фаворит. Зад нив се Филаделфија и токму Флорида, која сепак заостанува многу, цели 10 бода, и би било чудо да успее.

Домаќините имаа мини-серија од три победи, но загубија уште од еден голем конкурент за плејофот, Каролина, по продолженија. Сега им треба триумф против „пантерите“ од Флорида, кои полека се откажуваат од подвиг и настап во плејофот.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

Отава сенаторс – Бафало сејбрс (НХЛ, 00.30 часот)

Двете екипи се во аут од трката за плејофот, па може да одиграат порелаксирано. Отава речиси сигурно ќе остане на последното место во Источната конференција, па веројатно и во целата лига.

Имаат нов тренер и малку успеаја да ги подобрат резултатите, па имаат три победи на последните пет натпревари.

Бафало долго се надеваше на пробив во октетот најдобри на Истокот, но поразите во финишот ќе го чинат скапо. Како да исчезнаа мотивите, па ќе типуваме дека Отава ќе победи во ефикасен меч.

Предлог тип: 1&6+ (4.32)

 

Аризона којотс – Чикаго блекхокс (НХЛ, 03 часот)

Голема битка ќе се води на мразот во „Џила Ривер арената“ во Феникс, а екипата што ќе победи продолжува да се надева на плејоф. Аризона е на деветтата позиција зад Колорадо, но не заостанува многу, само два бода, што може да се надополни. Но, целта не може да се оствари со порази, а Аризона ги има пет по ред.

Чикаго е за три бода зад неа и сè уште се надева на плејоф. Последните меѓусебни мечеви им беа супер ефикасни, но сега е битка да се биде или не, па очекуваме тврд меч со израмнети шанси за победа.

Предлог тип: < 5.5 голови (2.25)

 

Њу Орлеанс пеликанс – Атланта хоукс (НБА, 01 часот)

Двете екипи немаат шанса за плејоф, а играат ефикасна кошарка, што ветува убав меч за гледачите во „Смути Кинг центарот“ во Њу Орлеанс.

Чудната ситуација во домашниот тим ги чинеше скапо и нема да играат во плејофот. За нивна несреќа, случајот „Ентони Дејвис“ им се врати како бумеранг по амбициите да бидат учесници во трката за титулата, а имаат квалитетен тим што можеше да игра во плејофот.

Атланта е во процес на реизградба на тимот, има потенцијал во младиот бек Тре Јанг и крилото Колин Секстон, но ќе почека барем уште една сезона за плејоф. Ноќеска и тие немаат никаков императив и очекуваме да одиграат ефикасно, со многу поени.

Предлог тип: > 241.5 поени (1.85)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести