Шампионски крај на сезоната за Ф1 шампионот

Луис Хамилтон од Мерцедес без проблеми победи на трката за големата награда на Абу Даби во Формула 1, водеше од првиот до последниот момент на трката. За Хамилтон ова е 11-та победа на 21 трки сезонава, а 84-та во кариерата.

Втор низ целта мина Макс Ферстапен од Ред Бул, а потоа се пласираа пилотите на Ферари. Шарл Леклер го комплетираше подиумот, додека Себастијан Фетел беше четврти.

„Се обидувавме да извадиме максимум од прекрасниот болид. Благодарност до сите, се чувствувам среќен. Има многу млади и талентирани пилоти, сега ќе одморам и ќе минам повеќе време со семејството“ – изјави Хамилтон.

- Оглас -

Најнови вести