Шампионски марш на Тампа Беј во НХЛ-плејофот, Кучеров „кршеше кичми“ со брилијантни дриблинзи (Видео)

Тампа Беј лајтнинг, aктуелниот првак во НХЛ-лигата, повторно покажа шампионско лице и води со 1:0 во полуфиналната плејоф-серија против Флорида пантерс, по победата од 4:1 на гостински терен.

Иако играа без Брејден Поинт, Грмотевиците го декласираа најдобриот тим во Лигата според учинокот во регуларниот дел на шампионатот.

Никита Кучеров беше незадржлив, а воодушеви со неверојатните дриблинзи на мразот во „Флорида лајв арената“. Тој постигна еден гол и имаше една асистенција, а Тампа успеа да направи пресврт и со четири гола по ред да поведе во плејоф-серијата.

https://twitter.com/NHL/status/1526726138294329345?s=20&t=OfXwh2FV0l5PDyA21k-wTg

Грмотевиците се шампиони во НХЛ-лигата во последните две сезони, а во претходното коло беа на работ на елиминација откако губеа со 2:3 против Торонто, но ги добија двата последни дуели и се пласираа во полуфиналето на Истокот.

Сент Луис, кој беше шампион пред Тампа Беј, ноќеска загуби на гости од Колорадо авеланш со 3:2 по продолженија.

 

- Оглас -

Најнови вести