Шампионски подвиг на Вашингтон, гол-шоу на „ајкулите“ и „предаторите“

Вашингтон капиталс со убедливи 5-2 славеше на гостувањето кај Минесота. Шампионот на НХЛ по два порази во низа конечно се разигра, ги остави домаќините без шанси за надигрување. По двете третини, Минесота успеа само еднаш да го погоди голот, додека Оши на десетина минути пред крајот ги реши сите дилеми погодувајќи за 5-1, па Думба само ја ублажи болката со гол за 5-2 во последните пет минути од средбата.

 

Сан Хозе шаркс со 5-4 беше подобар од лидерот во Источната конфереција, тимот на Нешвил предаторс. Хокеарите на двете екипи ги поделија првите две третини. Домаќините водеа со 3-0 по првите 20 минути, со три гола возврати Нешвил, па победникот мораше да се решава во одлучувачкиот период.

Во почетните две минути, гостинската екипа направи и комплетен пресврт за 4-3, меѓутоа Павелски и Торнтон само за 13 секунди го свртеа резултатот во корист на својата екипа. Торнтон со одлучувачкиот гол за победа го забележа 400-от погодок во својата кариера, што беше причина повеќе за славење.

 

Торонто мејплс лифс рутинирано го победи најслабиот тим сезонава, ЛА кингс, со 5-1. Гостите до убедливата предност стигнаа по две третини, па „кралевите“ немаа шанси за изненадување во остатокот од средбата. Бафало сејберс со конечни 2-1 му го нанесоа петтиот пораз на лидерот на Истокот, екипата на Тампа беј лајтнинг.

Резултати НХЛ:

Њу џерси девилс – Питсбург пингвинс 4-2

Њујок ајлендерс – ванкувер канукс 5-2

Филаделфија флаерс – Флорида пантерс 1-2

Бафало сејберс – Тампа беј лајтнинг 2-1

Детроит ред вингс – Аризона којотс 6-1

Минесота вајлд – Вашингтон капиталс 2-5

Едмонтон ојлерс – Монтреал канадиенс 6-2

Лос Анџелес кингс – Торонто мејпл лифс 1-5

Сан Хозе шаркс – Нешвил предаторс 5-4

 

- Оглас -

Најнови вести