Шампионски старт на Голден стејт, Бостон ја растури Филаделфија

Голдент стејт вориорс ја отвори новата сезона според очекувањата, со триумф над Оклахома од 108:100. Предводени од Стеф Кари и Кевин Дурант, „воините“ одолеаја на предизвикот, а „громовите“ од Оклахома го дадоа максимумот без својот најдобар играч, Расел Вестбрук.

Домаќините го контролираа мечот во првиот дел, Оклахома се обиде да пружи отпор во третиот период, па високата предност од +14 за брзо ја намалија само на пола кош разлика. Сепак, во одлучувачките моменти не се случи изненадување, па Голден стејт ја слави премиерната победа во новата сезона.

Кари беше најефикасен во домашниот состав со 32 поени, осум скока и девет асистенции. Дурант додаде 27 поени, а забележа, исто така, осум скока. Од тимот на Оклахома, Пол Џорџ се истакна како најефикасен со 27 поени, пет асистенции и четири украдени топки, Шрудер заврши со 21 поени и девет скока.

Бостон селтикс славеше со убедливи 105:87 над Филаделфија во „ТД гарден“. По неивесното прво полувреме, „келтите“ со дополнителни сили, а и со помош од возбудената публика, реализираа речиси 60 поени во решавачките периоди и со убедлива победа најавија доминација во Источната конференција.

Тејтум беше најразиграниот кошаркар од тимот на Бостон, со 23 поени и девет скока, а со дабл-дабл учинок заврши Маркус Морис, односно со 16 поени и 10 скока. Кај Филаделфија, најрасположени беа токму лидерите на екипата, Џоел Ембид и Бен Симонс, но залудни беа импресивните бројки. Ембид реализираше дабл-дабл со 23 поени и 10 скока, односно Симонс заврши со 19 поени и 15 скока.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести