Шанса да се заработи на победа на Македонија, младинците се фаворити против Ерменија

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година денеска од 17 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје игра пријателски меч со соодветната селекција на Ерменија, а според квотите во обложувалницата Sport Life, Црвено-жолтите се фаворити за победа.

Младата репрезентација на Македонија, по мечот со Ерменија ја очекува уште еден контролен дуел, со Малта на 20 јуни, исто така во Скопје.

Драги Канатларовски, кој е селектор на У-21 репрезентацијата на Македонија, не може да смета на Лука Станковски, но ќе има нови лица во тимот.

„Овие две контролни средби против Ерменија и Малта се во незгоден момент, кога сезоната завршува и играчите привршуваат со клупските обврски. Повикани се играчите кои во последната година со својата професионалност, одлучност и голема желба за борба и докажување се наметнаа во оваа генерација на Македонија. Очекувам сериозен пристап од моите фудбалери, иако се работи за пријателски натпревари“, вели Канатларовски.

Натпреварите против Ерменија и Малта ќе бидат последни проверки за нашите млади фудбалери пред почетокот на квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2025 година. Квалификациите ги стартуваме на 8 септември против Шведска.

- Оглас -

Најнови вести